ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Техничкиот преглед е постапка со која што правното лице за технички преглед ги утврдува податоците во врска со возилото, неговите системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема, како и исполнувањето на други барања за нив определени со Законот за возила, прописите донесени врз основа на тој Закон како и упатствата на производителот на уредите и опремата што се употребуваат при техничките прегледи.

При вршењето технички преглед се утврдува дали возилото ги има и се во исправна состојба пропишаните уреди, а особено уредите за управување, уредите за сопирање, пневматиците и уредите за давање светлосни сигнали, за осветлување на патот и на возилото и за изпуштање на согорените гасови, како и дали ги исполнува и другите пропишани услови за учествување во сообраќајот.

Технички преглед на возилото претставува задолжителна проверка на техничката исправност на возилото со цел за безбедно вклучување на истото во јавниот сообраќај. Можат да се регистрираат само оние моторни возила, возила на моторен погон и приклучни возила за кои на задолжителниот технички преглед ќе се утврди дека се исправни.

Во рамките на компанијата ВЕЛКОМ ТРЕЈД функционира станица за технички преглед на моторни возила. Станицата располага со современи дијагностички апарати и уреди за утврдување на техничката состојба на моторните возила.

Станицата работи секој ден (понеделник – сабота) од 07: 30 до 16 : 30 часот .

Во близина на станицата има осигурителни компании кај кои можете да го осигурате Вашето возило, да направите каско или да извадите зелен картон.

Во склоп на техничкиот преглед добивате и поправање на ситни недостатоци кои се откриени за време на прегледот во нашиот автосервис – работилница.

ВИДОВИ НА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Во Законот за возила се предвидени два вида на технички прегледи на возилата.

 

Редовен технички преглед

Возила што се вклучени во сообраќајот на патиштата, со исклучок на мотокултиватори и работни машини, задолжително се прегледуваат на првиот и на периодичните технички прегледи.

 

Вонредни технички прегледи

Технички преглед на моторни и пруклучни возила со кои се врши јавен превоз на патници, на возила за прва помош, моторни и приклучни возила кои се наменети за превоз на опасни материи, возила за изнајмување (рента-кар) и возила на авто-школите наменети за оспособување на кандидати за возачи, се врши на секои шест месеци.

Вонредните технички прегледи се вршат над возила упатени со писмен налог од овластено службено лице , во случаи и на начин утврдени со закон , заради изведување на нивна проверка. Извршениот вонреден технички преглед не влијае на рокот за извршување на периодичните технички прегледи.