ДОКУМЕНТИ

Меѓународна возачка дозвола

При патување, односно управување на моторно возило во странство, возачите мора да поседуваат важечка Меѓународна возачка дозвола (МВД). Овој документ всушност претставува препис на националната возачка дозвола на повеќе светски јазици. Формата и содржината на образецот на МВД се меѓународно унифицирани, а се пропишани со Меѓународната конвенција за сообраќајот на патиштата (Виена, 1968 год.).

Меѓународната возачка дозвола е потребна при патување во повеќето европски држави, а во земјите во кои не се бара, поседувањето на оваа дозвола е неопходно за управување на автомобили со тамошни регистарски таблици или рент-а-кар возила.

МВД може да им се издаде на сите возачи кои поседуваат важечка национална , македонска возачка дозвола.

Овој документ го издава станицата за технички преглед ВЕЛКОМ ТРЕЈД врз основа на јавно овластување добиено од МВР.

За издавање на МВД потребно е да се поднесат на увид :

  • важечка македонска возачка дозвола;
  • лична карта или пасош;
  • две фотографии (35 x 45cm).

МВД се издава со рок на важење од 3 години, со тоа што овој рок може да биде и пократок, доколку важноста на возачката дозвола истекува во период помал од 3 години од денот на издавањето на МВД. Во овој случај МВД се издава со рок на важење до датумот на кој истекува важноста на македонската возачка дозвола.

 

Одобрение за управување туѓо моторно возило

Возачите – македонски граѓани при патување надвор од границите на нашава земја со возило чиј сопственик е друго лице мора да поседуваат посебно одобрение за управување со тоа возило во странство (ОТВ).

Овој документ служи како доказ, пред нашите гранични служби и пред надлежните органи на државите во кои се патува, дека возилото не е украдено или на друг начин оттуѓено, односно дека возачот со него се служи легално согласно волјата на сопственикот на возилото.

ОТВ се издава  на ополномоштено лице врз основ на валиден пасош на државјанин на Република Македонија.

Доколку возилото е во сопственост на правно лице, неопходен е допис од правното лице, заверен со печат и потпишан од овластено лице, во кој мора да се наведат името, презимето и бројот на пасошот на лицето кое ќе управува со возилото во странство, регистарската ознака, марката и типот на возилото, како и согласноста наведеното лице да управува со возилото во странство.

Истовременото п рисуство и на сопственикот (за правно лице – одговорното лице) и на корисникот на возилото е задолжително за време на издавањето на одобрението, а задолжителни се и нивните потписи на самото одобрение.

Рокот на важење на ОТВ изнесува една година од денот на издавањето, со тоа што може да биде и пократок во зависност од волјата на сопственикот на возилото. Одобрението може да се користи за повеќе патувања во странство, се до истекот на неговата важност.

 

Издавање ЕКМТ Сертификат

Со одобрение на Министерството за транспорт и врски Велком Трејд од Кавадарци се стекна со овластување за издавање на Сертификат за тестот за подготвеност за сообраќај на возилата, – сертификат кој мора да го поседуваат возилата кои вршат меѓународен транспорт.

Проверката на техничката исправност на „EURO3 безбеден“, „EURO4 безбеден“ и  „EURO5 безбеден“ камион важи 12 месеци и треба да се обновува секоја година. Се извршува преглед на нови возила како и на оние  кои се веќе во употреба.

Секое возило од една композиција (збир на возила) се прегледува одделно, односно посебно се прегледува моторното, а посебно приклучното возило и за секое од нив се издава соодветен сертификат за тестот на подготвеност за сообраќај на возилата.

Прегледите и издавањето на документи се врши во Велком Трејд од Кавадарци. За сите подетални информации околу документацијата и закажување на прегледите можете да не контактирате.