РЕГИСТРАЦИЈА

За учество во сообраќајот на патиштата, возилата треба да бидат региструрани, да имаат важечка сообраќајна дозвола или важечка потврда за пробно возење и треба да бидат означени со пропишани регистарски таблици.

Регистрацијата на возилата се врши со запишување на регистарската ознака и на определени податоци за возилото и сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилот , во пропишаната евиденција за регистрираните возила.

Регистрација на возилата се врши според живеалиштето, односно седиштето на сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото. Возилото се регистрира на името односно називот на сопственикот, односно носителот на правото на користење (физичко или правно лице), а доколку возилото е сопственост на повеќе лица, се регистрира на името односно називот на едно од тие лица врз основа на нивна писмена спогодба заверена од нотар.

Регистрацијата важи една година, што значи таа треба да се обновува, односно продолжува секоја година.

Во станицата за технички преглед ВЕЛКОМ ТРЕЈД добивате услуга за прва геристрација, продолжување на регистрацијата и повторна регистрација.

 

Прва регистрација

При првата регистрација, сопственикот на возилото, односно носителот на правото на користење на возилото, покрај барање е должен да ги поднесе и следните писмени докази за:

  1. потекло на возилото (фактура за ново возило или странска сообраќајна дозвола кога се регистрира увезено употребувано возило), потврда за регистрација или друга соодветна исправа (пресуда, решение и др.) во случаевите кога се поднесува барање за прва регистрација на возилото што било одземено во судска, царинска или друга постапка, а кое е продадено по пат на јавно наддавање или отстапено на користење на државен орган, суд, институција, установа и сл;
  1. Сопственост на возилото (фактура за ново возило, односно договор за купопродажба, поклон, решение за наследување или друга соодветна исправа со која се докажува извршената промена на сопственоста на возилото кога се поднесува барање за прва регистрација на увезено употребувано возило);
  1. Доказ за регулирани обврски пропишани со закон и тоа:
    • царински и други увозни давачки
    • надоместоци
    • задолжително осигурување
    • такси
    • други обврски во врска со регистрацијата
  1. Доказ за техничката исправност не постара од 30 дена;
  1. Доказ за сообразност на возилото со хомологациските прописи кои важат во Р.Македонија;
  1. Уверение, потврда или друга соодветна исправа за извршено испитување на возилото издадена од овластена организација за испитување на возила во случаевите кога возилото е поединечно произведено, поединечно составено или поединечно преправено;
  1. Доказ за одјава на возилото (само при прва рег. на увезено, употребувано возило)
  1. Доказ за идентитет (лична карта за физички лица, односно известување за распоредување за правни лица)

 

Продолжување на регистрацијата

Барањето за продолжување на важноста на регистрацијата се поднесува пред истекот на регистрацијата, но не пред 30 дена од денот на истекот на важноста на сообраќајната дозвола.

Регистрацијата на возилото треба да се продолжи најдоцна во рок од 30 дена од денот на истекот на важењето на сообраќајната дозвола.

Многу често се случува сопствениците на возилата да пропуштат навремено да ја продолжат регстрацијата на своето возило и во сообраќајот да учествуваат со нерегистрирано возило. Со цел да се избегне ваквата ситуација станицата за технички преглед ВЕЛКОМ ТРЕЈД благовремено писмено ги потсетуваат корисниците на нивните услуги за датумот кога истекува важноста на регистрацијата на нивните возила и обврската за нејзино продолжување.

При продолжување на важноста на регистрацијата се поднесува сообраќајната дозвола за возилото и писмените докази наведени под точката 3, 2, 3, 4 и 5 и точките 4 и 8 од документите потребни за прва регистрација.

Помеѓу извршениот редовен технички преглед за регистрација и самата регистрација на возилото, не смее да поминат повеќе од 30 дена, во спротивно, техничкиот преглед ќе мора да се повтори .

 

Повторна регистрацијата

Повторна регистрација се врши на регистрирано возило во Македонија, доколку неговиот сопственик, односно носител на правото на користење го променил местото на живеење, односно седиштето во друго регистарско подрачје, или новиот сопственик, односно носител на правото на користење на возилото има живеалиште, односно седиште во место кое припаѓа во друго регистарско подрачје во Македонија.

Кон барањето за повторна регистрација на возилото се прилага следново :

  1. Сообраќајна дозвола за возилото;
  2. Доказ за одјава на возилото;
  3. Важечка лична карта, односно известување за распоредувањето;
  4. Исправа со која се докажува промената на сопственоста, заверена од нотар(доколку е променет и сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото).

При повторната регистрација на возилото, се издава нова сообраќајна дозвола и регистарски таблици, а предходната сообраќајна дозвола се одзема.