ХОМОЛОГАЦИЈА

Единечно одобрување

Според Законот за возила, возилата што ќе бидат увезени во Р.Македонија пред да бидат пуштени во сообраќај потребно е да се провери дали тие задоволуват некакви пропишани технички и еколошки барања.

Во зависност од тоа дали возилото кое имате намера да го увезете е од веќе одобрен тип во Р.Македонија или не, легализацијата на возилото се спроведува преку:

  • постапката на идентификација, доколку клиентот за возилата кои веќе се одобрени кај нас обезбеди документ Certificateofconformity, или тн. СоС документ, а кој може да се добие од овластениот претставник на производителот на возилото, или
  • постапка на единечно одобрување доколку возилото не било до сега одобрено кај нас, односно не постои можност од овластениот претставник да се обезбеди СоС документот.

Идентификација и оценка на техничката сосотојба на возилата

Според Правилникот за идентификација и за идентификација и оценка на техничката состојба на возилата, постапката за идентификација и оцена на техничката состојба на возилата се спроведува за:

  • нови возила за кои типот е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип, како и за
  • возила за кои типот е одобрен во Република Македонија, а за конкретното возило странката нема обезбедено потврда за сообразеност издадена од застапникот на производителот во Р.Македонија.

Во случај кога во постапката на идентификација и оцена на техничката состојба се утврди дека возилото е преправено или поправено, постапката се прекинува, а одобрувањето на возилото продолжи со испитување и одобрување на соодветниот вид на преправка.

При позитивно извршена постапка за идентификација или позитивно извршена постапка за идентификација и оцена на техничката состојба за возилото се издава Согласност за регистрација.

ХОМОЛОГАЦИЈА – Одобрување на возилата

Според Правилникот за единечно одобрување на возилата, единечното одобрување се врши на:

  • возилата чиј што тип не бил одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип во Р.Македонија, а за кое се исполнети барањата во согласност со одредбите од Законот за возила и прописите донесени врз основа на овој закон,
  • уникатните возила, возилата за специјална намена, како и возилата во последната фаза од повеќефазно одобрување и
  • возилата чијшто тип бил одобрен, а возилото не било регистрирано и било преправено.

Доколку планирате да увезете возило, во тој случај е потребно да ги имате следниве документи:

  • Потврда за платени царински давачки,
  • Потврда за исполнување на техничките карактеристики на друмско возилото и за меѓународните хомологациски прописи кои ги исполнува, издадена од: – производителот на возилото,овластениот претставник на Производителот во Р. Македонија или од друга независна институција прифатена од Органот за одобрување (пр. TÜV Süd, TÜV Rheinland или др.),
  • Технички извештај (Елаборат), доколку возилото е изработена во фази или му е извршена преправка, сите Сертификати од целата опрема вградена во преправката,
  • Фотокопија од сообраќајната дозвола.