За учество во сообраќајот на патиштата, возилата треба да бидат региструрани, да имаат важечка сообраќајна дозвола или важечка потврда за пробно возење и треба да бидат означени со пропишани регистарски таблици.
Регистрацијата на возилата се врши со запишување на регистарската ознака и на определени податоци за возилото и сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилот , во пропишаната евиденција за регистрираните возила.
Регистрација на возилата се врши според живеалиштето, односно седиштето на сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото. Возилото се регистрира на името односно називот на сопственикот, односно носителот на правото на користење (физичко или правно лице), а доколку возилото е сопственост на повеќе лица, се регистрира на името односно називот на едно од тие лица врз основа на нивна писмена спогодба заверена од нотар.
Регистрацијата важи една година, што значи таа треба да се обновува, односно продолжува секоја година.
Во станицата за технички преглед ВЕЛКОМ ТРЕЈД добивате услуга за прва геристрација, продолжување на регистрацијата и повторна регистрација.
При првата регистрација, сопственикот на возилото, односно носителот на правото на користење на возилото, покрај барање е должен да ги поднесе и следните писмени докази за:
Барањето за продолжување на важноста на регистрацијата се поднесува пред истекот на регистрацијата, но не пред 30 дена од денот на истекот на важноста на сообраќајната дозвола.
Регистрацијата на возилото треба да се продолжи најдоцна во рок од 30 дена од денот на истекот на важењето на сообраќајната дозвола.
Многу често се случува сопствениците на возилата да пропуштат навремено да ја продолжат регстрацијата на своето возило и во сообраќајот да учествуваат со нерегистрирано возило. Со цел да се избегне ваквата ситуација станицата за технички преглед ВЕЛКОМ ТРЕЈД благовремено писмено ги потсетуваат корисниците на нивните услуги за датумот кога истекува важноста на регистрацијата на нивните возила и обврската за нејзино продолжување.
При продолжување на важноста на регистрацијата се поднесува сообраќајната дозвола за возилото и писмените докази наведени под точката 3, 2, 3, 4 и 5 и точките 4 и 8 од документите потребни за прва регистрација.
Помеѓу извршениот редовен технички преглед за регистрација и самата регистрација на возилото, не смее да поминат повеќе од 30 дена, во спротивно, техничкиот преглед ќе мора да се повтори .
Повторна регистрација се врши на регистрирано возило во Македонија, доколку неговиот сопственик, односно носител на правото на користење го променил местото на живеење, односно седиштето во друго регистарско подрачје, или новиот сопственик, односно носител на правото на користење на возилото има живеалиште, односно седиште во место кое припаѓа во друго регистарско подрачје во Македонија.
Кон барањето за повторна регистрација на возилото се прилага следново :
При повторната регистрација на возилото, се издава нова сообраќајна дозвола и регистарски таблици, а предходната сообраќајна дозвола се одзема.