ТЕХНИЧКО ЕКСПЛОАТАЦИОНИ УСЛОВИ

Во станицaтa за технички преглед „ВЕЛКОМ ТРЕЈД“ согласно Законот за превоз во патниот сообраќај вршиме прегледи, испитувања, проверка и издаваме потврди за исполнување на посебните техничко експлоатациони услови кои мора да ги исполнуваат моторните возила за вршење на одделни видови превоз на патници и стока во јавниот патен сообраќај.

Потврдата за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови е потребна за добивање на Лиценца за вршење на јавен превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.

Техничко-експлоатационите услови што моторните возила треба да ги исполнуваат (во зависност од видот на јавниот превоз) се пропишани во Правилникот за посебните техничко-експлоатациони услови за возилата за вршење на одделни видови на превоз во патниот сообраќај.

 

Моторни возила за јавен превоз на патници (автобуси и комби возила)

I. Автобусите од класа II и класа III со кои се врши јавен превоз на патници во меѓуопштински и меѓународниот патен сообраќај треба да ги исполнуваат следниве техничко-експлоатациони услови:

  • правилно прицврстени, нумерирани, исправни и чисти седишта
  • исправен радиоапарат и разгласен уред за известување на патниците
  • корпи за отпадоци и средества за дезинфекција
  • исправен уред за загревање на автобусот од најмалку 180°C
  • исправен уред за вентилација
  • завеси за заштита од сонце, доколку стаклата не обезбедуваат таква заштита
  • пластични хигиенски кеси за потребите на патниците и простор за багаж од 0,15 m2 по секое седиште
  • Натпис со назив на автобуската линија со назначување на почетната, карактеристичните попатни и крајната станица
  • Натпис за време на поаѓање од почетната и време на доаѓање во крајната станица

Автобусите со кои се извршува линиски или слободен превоз на патници на пого-лемо растојание од 700 km од местото на поаѓање, треба да ги исполнуваат и следните услови:

  • вграден клима уред
  • вградени појаси најмалку за првиот ред на седишта пред кои нема седишта со држач за рака
  • вграден санитарен јазол со WC

 

II. Автобусите од класа I со кои се врши јавен превоз на патници во линискиот општински (градски и приградтски сообраќај) треба да ги исполнуваат следниве техничко-експлоатациони услови:

  • правилно прицврстени и чисти седишта според пропишаните стандарди
  • исправен уред за загревање на внатрешноста од автобусот од најмалку 180°С
  • потребен број фиксни и одреден број подвижни држачи за раце
  • три двоканални врати за влегување, односно излегување на патниците од десната страна на возилото
  • до излезните врати да имаат инсталирано уред за сигнализирање на потребата за излез
  • средства за дезинфекција
  • доколку во возилото нема кондуктер, треба да имаат две влезни врати опремени со уреди за наплата или уреди за поништување на билетите
  • број на регистрирани места за седење и стоење, “Седиште за инвалиди”, односно “Седиште за мајки со мали деца”
  • обележување на вратите за влез и излез на патниците
  • натпис со назив на автобуската линија со назначување на почетната, карактеристичните попатни и крајната станица
  • натпис за време на поаѓање од почетната и време на доаѓање во крајната станица
  • број на линијата и/или назнаки за релацијата
  • надворешните бочни страни имаат натпис со назив и седиште на превозникот и амблем доколку превозникот го има утврдено.

 

III. Комби возилата со најмногу 9 седишта сметајки го и седиштето на возачот со кои се врши јавен превоз на патници на определени релации во меѓумесниот или приградскиот сообраќај треба да ги исполнуваат следниве техничко-експлотациони услови:

  • да имаат врата за влегување и излегување на патниците од десна страна
  • разгласен уред за известување на патниците
  • исправен уред за загревање на внатрешноста на возилото
  • исправен уред за вентилација на возилото
  • издвоен простор за багаж од 0,075 m3 по седиште.

Технички Услови