Одобрение за управување туѓо моторно возило

Возачите – македонски граѓани при патување надвор од границите на нашава земја со возило чиј сопственик е друго лице мора да поседуваат посебно одобрение за управување со тоа возило во странство (ОТВ).

Овој документ служи како доказ, пред нашите гранични служби и пред надлежните органи на државите во кои се патува, дека возилото не е украдено или на друг начин оттуѓено, односно дека возачот со него се служи легално согласно волјата на сопственикот на возилото.

ОТВ се издава на ополномоштено лице врз основ на валиден пасош на државјанин на Република Македонија.

Доколку возилото е во сопственост на правно лице, неопходен е допис од правното лице, заверен со печат и потпишан од овластено лице, во кој мора да се наведат името, презимето и бројот на пасошот на лицето кое ќе управува со возилото во странство, регистарската ознака, марката и типот на возилото, како и согласноста наведеното лице да управува со возилото во странство.

Истовременото п рисуство и на сопственикот (за правно лице – одговорното лице) и на корисникот на возилото е задолжително за време на издавањето на одобрението, а задолжителни се и нивните потписи на самото одобрение.

Рокот на важење на ОТВ изнесува една година од денот на издавањето, со тоа што може да биде и пократок во зависност од волјата на сопственикот на возилото. Одобрението може да се користи за повеќе патувања во странство, се до истекот на неговата важност.

AUTHOR

asijata

All stories by: asijata