ЛАСЕРСКА ГЕОМЕТРИЈА НА ВОЗИЛА

Што е подесување на геометријата (центрирање)?

Центрирање на тркала (ласерско подесување на геометрија на предна и задна оска на тркалата) претставува постапка на подесување на аглите на тркалата со која се обезбедува паралелност помеѓу тркалата и правилно, нормално тркалање на пневматиците по подлогата – патот.

Аглите на тркалата иницијално ги подесуваат производителите на возила. Но како резултат на возењето, особено по нерамни површини, како резултат на удирање на дупки на патот или качување на тротоари (рабници) – геометриските параметри се изместуваат и бараат корекција.

 

Зошто е неопходно да се прави подесување на геометријата на оските (центрирање)?

Неправилно подесената или нарушената геометрија на предната или задна оска предизвикува намалена удобност, отежнатост при управување на возилото и одржувањето на саканиот правец на движење како и претерано и нерамномерно трошење на пневмаците на возилото.

Нарушената геометрија на тркалата се манифестира преку бегање на возилото од задената насока на движење, тресење при одредена брзина и нерамномерно трошење на пневматиците.

Од друга страна – правилно и прецизно подесениот систем за управување ќе ви обезбеди сигурност, стабилност и удобност при управување на вашето возило.

 

Кога треба да се прави подесување на геометријата (центрирање)?

Се разбира, проверката и подесувањето на геометријата на тркалата се прават задолжително : по сообраќајна незгода и извршени лимаро фарбарски интервенции, како и кога се јавуваат симптомите кои укажуваат на неправилно подесена геометрија на тркалата, а кои беа споменати претходно (нерамномерно и пребрзо трошење на гумите, тресење при возењето или завлекување на возилото во некоја насока). Се препорачува проверка и подесување на геометријата да се направат и при промена и балансирање на пневматиците.

Имајќи ги предвид условите на нашите патишта, инжинерскиот тим на Велком Трејд препорачува проверка на деловите од подвозјето и проверка на геометријата на оските на вашето возило на секои 5.000 км како и подесување на геометријата 1 годишно или на секои изминати 10.000 км.