ТАХОГРАФИ

Велком Трејд е овластена работилница за баждарење и сервис на аналогни и дигитални тахографи според стандартот МКС EN ISO/IEC 17020 Тип Ц.

Проверката и калибрацијата на дигиталните и аналогните тахографи е задолжителна и се врши на секои две години. Исто така при промена или поправка на тахографот како и промена на димензија на пневматиците.

Возачите имаат законска обврска точно да ги снимаат своите активности, да ги зачуваат тие податоци и на барање на транспортните власти кои се задолжени за спроведување на контролата на работното време на мобилните работници.

Контактирајте ја нашата овластена работилница кај Западен Булевар во Кавадарци на излезот накај Росоман.