ПОСТАПКА (НАЧИН) НА ВРШЕЊЕ ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД
Техничкиот преглед на возилото го вршат двајца контролори едновремено , од кои едниот е во возилото и управува со истото, а другиот ја спроведува постапката на техничко испитување на возилото.
Сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото доколку сака може да го следи техничкиот преглед што се врши над возилото.
Техничкиот преглед ќе се изврши само ако возилото е чисто, обоено и нема видни оштетувања на каросеријата.
Вообичаено техничкиот преглед се врши на празно возило оптоварено само со контролорот што го управува, односно возачот и контролорот и задолжителната опрема, со исклучок на техничкиот преглед на исклучено возило од сообраќај поради техничка неисправност кој може да се врши и на натоварено возило (вонреден технички преглед).
Постапката за вршење на технички преглед се одвива во неколку фази утврдени со Правилникот за вршење на тех нички преглед на моторни и приклучни возила, трактори и земјоделски трактори .
Идентификација на возилото
На техничкиот преглед, пред да се пристапи кон проверување на техничката исправност, се утвредува дали податоците (ознаки за идентификација) на возилото одговараат на податоците што се впишани во сообраќајната дозвола.
Идентификацијата на возилото опфаќа:
- проверка на бројот на шасијата (VIN – код);
- проверка на типот и бројот на моторот;
- проверка на табличката од производителот;
- проверка на бојата на возилото;
- проверка на регистарските таблички.
Проверка на масените вредности и димензиите на возилото
Димензиите, масените вредности и другите поважни технички податоци се утврдуваат со увид во документацијата за потекло на возилото, сообраќајната дозвола или во признат каталог на технички податоци.
Во случаите кога возилото е поединечно произведено, односно увезено или преправано во однос на претходната изведба, техничките податоци се утврдуваат од УВЕРЕНИЕ издадено од овластена организација за испитување на возила, кое сопственикот на возилото треба да го приложи при вршење на техничкиот преглед.
Во случаите кога во возилато дополнително е вграден уред за течен гас (плин) или друг уред суштествен од аспект на безбедноста во сообраќајот, како и возилата за кои се непознати или се неточни техничките податоци потребни при вршење на технички преглед, сопственикот на возилото треба да поседува ПОТВРДА издадена од овластена организација за испитување на возила.
Во случаите кога возилото е наменето за превоз на опасни материи, сопственикот треба да поседува СЕРТИФИКАТ за извршено испитување од овластена организација за испитување на возила.