ТЕХНИЧКО ЕКСПЛОАТАЦИОНИ УСЛОВИ
Во станицaтa за технички преглед „ВЕЛКОМ ТРЕЈД“ согласно Законот за превоз во патниот сообраќај вршиме прегледи, испитувања, проверка и издаваме потврди за исполнување на посебните техничко експлоатациони услови кои мора да ги исполнуваат моторните возила за вршење на одделни видови превоз на патници и стока во јавниот патен сообраќај.
Потврдата за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови е потребна за добивање на Лиценца за вршење на јавен превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.
Техничко-експлоатационите услови што моторните возила треба да ги исполнуваат (во зависност од видот на јавниот превоз) се пропишани во Правилникот за посебните техничко-експлоатациони услови за возилата за вршење на одделни видови на превоз во патниот сообраќај.
Моторни возила за јавен превоз на патници (автобуси и комби возила)
I. Автобусите од класа II и класа III со кои се врши јавен превоз на патници во меѓуопштински и меѓународниот патен сообраќај треба да ги исполнуваат следниве техничко-експлоатациони услови:
- правилно прицврстени, нумерирани, исправни и чисти седишта
- исправен радиоапарат и разгласен уред за известување на патниците
- корпи за отпадоци и средества за дезинфекција
- исправен уред за загревање на автобусот од најмалку 180°C
- исправен уред за вентилација
- завеси за заштита од сонце, доколку стаклата не обезбедуваат таква заштита
- пластични хигиенски кеси за потребите на патниците и простор за багаж од 0,15 m2 по секое седиште
- Натпис со назив на автобуската линија со назначување на почетната, карактеристичните попатни и крајната станица
- Натпис за време на поаѓање од почетната и време на доаѓање во крајната станица
Автобусите со кои се извршува линиски или слободен превоз на патници на пого-лемо растојание од 700 km од местото на поаѓање, треба да ги исполнуваат и следните услови:
- вграден клима уред
- вградени појаси најмалку за првиот ред на седишта пред кои нема седишта со држач за рака
- вграден санитарен јазол со WC
II. Автобусите од класа I со кои се врши јавен превоз на патници во линискиот општински (градски и приградтски сообраќај) треба да ги исполнуваат следниве техничко-експлоатациони услови:
- правилно прицврстени и чисти седишта според пропишаните стандарди
- исправен уред за загревање на внатрешноста од автобусот од најмалку 180°С
- потребен број фиксни и одреден број подвижни држачи за раце
- три двоканални врати за влегување, односно излегување на патниците од десната страна на возилото
- до излезните врати да имаат инсталирано уред за сигнализирање на потребата за излез
- средства за дезинфекција
- доколку во возилото нема кондуктер, треба да имаат две влезни врати опремени со уреди за наплата или уреди за поништување на билетите
- број на регистрирани места за седење и стоење, “Седиште за инвалиди”, односно “Седиште за мајки со мали деца”
- обележување на вратите за влез и излез на патниците
- натпис со назив на автобуската линија со назначување на почетната, карактеристичните попатни и крајната станица
- натпис за време на поаѓање од почетната и време на доаѓање во крајната станица
- број на линијата и/или назнаки за релацијата
- надворешните бочни страни имаат натпис со назив и седиште на превозникот и амблем доколку превозникот го има утврдено.
III. Комби возилата со најмногу 9 седишта сметајки го и седиштето на возачот со кои се врши јавен превоз на патници на определени релации во меѓумесниот или приградскиот сообраќај треба да ги исполнуваат следниве техничко-експлотациони услови:
- да имаат врата за влегување и излегување на патниците од десна страна
- разгласен уред за известување на патниците
- исправен уред за загревање на внатрешноста на возилото
- исправен уред за вентилација на возилото
- издвоен простор за багаж од 0,075 m3 по седиште.
Патнички моторни возила за авто-такси превоз на патници
Патничките моторни возила наменети за авто-такси превоз на патници покрај општите услови и стандарди треба да ги исполнуваат и следниве посебни техничко-експлоатациони услови, односно треба да имаат:
- вграден фискален таксиметар од одобрен тип, баждарен и поставен на видно место во возилото за корисникот на услугата
- заверен ценовник за авто-такси услугите поставен на видно место во возилото за корисникот на услугата
- на видно место во внатрешноста на возилото да има истакнат натпис со назив и седиште на превозникот, име, презиме и слика на такси возачот, како и посебен натпис за забрането пушење
- возилото да поседува најмалку четири бочни врати или три бочни врати за возилата кои се специјално конструирани за такси превоз од кои вратата за вториот ред седишта е поставена на десна страна од возилото
- вградено задно светло за магла во согласност со Правилникот ЕСЕ-R 48
- потребен простор за багаж за патниците
- исправен уред за греење и вентилација
- сигурносни појаси за патниците
- исправен алармен уред кој се активира од седиштето на возачот
- исправна радиостаница со дозвола за употреба на одредена фреквенција (освен за трговец поединец со едно возило)
- вграден уред за истовремено вклучување на сите трепкачи во согласност со Правилникот ЕСЕ-R 48
- вградена светлосна ознака “ТАХI” на кровот на возилото која мора да биде осветлена кога е возилото слободно за возење
Натписот TAXI се истакнува на покривот на возилото на пластична табла со жолта основа со црн раб и црни букви. Мора да биде осветлен од внатрешната страна, читлив од предната и задната страна и синхронизиран со таксиметарот. Таблата со натписот е во форма на пресечена пирамида со правоаголна основа со димензии на страните на основата 350х160 mm, на горната површина 250х80 mm со заоблени рабови, висина 120 mm и дебелина на работ на таблата 15 mm. Големината на буквите е 40х70 mm со дебелина на буквите 10 mm.
Моторни и приклучни возила за јавен превоз на стока (товарни возила)
Товарните и приклучните возила наменети за јавен превоз на стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај, покрај условите пропишани со прописите за безбедноста во сообраќајот на патиштата и пропишаните стандарди за одделни видови превоз на стока, мора да ги исполнуваат и посебните техничко-експлоатациони услови. Овие возила на надворешната страна од вратите мора да имаат истакнат назив и седиште на превозникот на кој му припаѓа возилото, како и носивост и сопствена маса. Податоците се испишуваат на македонски јазик со кирилско писмо, а доколку со возилото се врши и меѓународен превоз на стока може да бидат испишани и на еден од светски признатите јазици. Буквите, односно нивната боја мора да се разликува од основ-ната боја на возилото.
Моторни возила за комбиниран превоз на патници и стока
Овие возила покрај условите утврдени со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата и пропишаните стандарди мора да ги исполнуваат и следниве посебни тех-ничко-експлоатациони услови, односно мора да имаат:
- врата за влегување и излегување на патниците од десната страна на возилото
- разгласен уред за известување на патниците
- исправен уред за загревање на внатрешноста на возилото од најмалку 18°C и уред за вентилација и
- физичка преграда меѓу просторот за стока и просторот за патници
Со комби возилата со кои се врши превоз на патници во истиот простор не може да се превезува живина и добиток. Испитување на технички карактеристики Моторните возила со кои се врши внатрешен и меѓународен превоз на патници и стока по определен период на експлоатација мора да се подложат на испитување заради утврдување на техничките карактеристики во поглед на носечката конструкција и каросерија, моторот, системот за сопирање, системот за управување и системот за греење и вентилација и тоа:
- Автобусите со кои се врши меѓумесен и меѓународен превоз на патници постари од 10 години
- Автобусите со кои се врши градски и приградски превоз на патници постари од 12 години
- Комби возилата со кои се врши превоз на патници (линиски и слободен) постари од 10 години
- Патничките возила наменети за авто-такси превоз на патници постари од 10 години
- Товарните возила за превоз на стока постари од 16 години
Испитувањето на наведениве возила се врши на секои 2 години во станиците за технички преглед.