ХОМОЛОГАЦИЈА
Единечно одобрување
Според Законот за возила, возилата што ќе бидат увезени во Р.Македонија пред да бидат пуштени во сообраќај потребно е да се провери дали тие задоволуват некакви пропишани технички и еколошки барања.
Во зависност од тоа дали возилото кое имате намера да го увезете е од веќе одобрен тип во Р.Македонија или не, легализацијата на возилото се спроведува преку:
- постапката на идентификација, доколку клиентот за возилата кои веќе се одобрени кај нас обезбеди документ Certificateofconformity, или тн. СоС документ, а кој може да се добие од овластениот претставник на производителот на возилото, или
- постапка на единечно одобрување доколку возилото не било до сега одобрено кај нас, односно не постои можност од овластениот претставник да се обезбеди СоС документот.
Идентификација и оценка на техничката сосотојба на возилата
Според Правилникот за идентификација и за идентификација и оценка на техничката состојба на возилата, постапката за идентификација и оцена на техничката состојба на возилата се спроведува за:
- нови возила за кои типот е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип, како и за
- возила за кои типот е одобрен во Република Македонија, а за конкретното возило странката нема обезбедено потврда за сообразеност издадена од застапникот на производителот во Р.Македонија.
Во случај кога во постапката на идентификација и оцена на техничката состојба се утврди дека возилото е преправено или поправено, постапката се прекинува, а одобрувањето на возилото продолжи со испитување и одобрување на соодветниот вид на преправка.
При позитивно извршена постапка за идентификација или позитивно извршена постапка за идентификација и оцена на техничката состојба за возилото се издава Согласност за регистрација.
ХОМОЛОГАЦИЈА – Одобрување на возилата
Според Правилникот за единечно одобрување на возилата, единечното одобрување се врши на:
- возилата чиј што тип не бил одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип во Р.Македонија, а за кое се исполнети барањата во согласност со одредбите од Законот за возила и прописите донесени врз основа на овој закон,
- уникатните возила, возилата за специјална намена, како и возилата во последната фаза од повеќефазно одобрување и
- возилата чијшто тип бил одобрен, а возилото не било регистрирано и било преправено.
Доколку планирате да увезете возило, во тој случај е потребно да ги имате следниве документи:
- Потврда за платени царински давачки,
- Потврда за исполнување на техничките карактеристики на друмско возилото и за меѓународните хомологациски прописи кои ги исполнува, издадена од: – производителот на возилото,овластениот претставник на Производителот во Р. Македонија или од друга независна институција прифатена од Органот за одобрување (пр. TÜV Süd, TÜV Rheinland или др.),
- Технички извештај (Елаборат), доколку возилото е изработена во фази или му е извршена преправка, сите Сертификати од целата опрема вградена во преправката,
- Фотокопија од сообраќајната дозвола.