Издавање ЕКМТ Сертификат

Со одобрение на Министерството за транспорт и врски Велком Трејд од Кавадарци се стекна со овластување за издавање на Сертификат за тестот за подготвеност за сообраќај на возилата, – сертификат кој мора да го поседуваат возилата кои вршат меѓународен транспорт.

Проверката на техничката исправност на „EURO3 безбеден“, „EURO4 безбеден“ и „EURO5 безбеден“ камион важи 12 месеци и треба да се обновува секоја година. Се извршува преглед на нови возила како и на оние кои се веќе во употреба.

Секое возило од една композиција (збир на возила) се прегледува одделно, односно посебно се прегледува моторното, а посебно приклучното возило и за секое од нив се издава соодветен сертификат за тестот на подготвеност за сообраќај на возилата.

Прегледите и издавањето на документи се врши во Велком Трејд од Кавадарци. За сите подетални информации околу документацијата и закажување на прегледите можете да не контактирате.

AUTHOR

asijata

All stories by: asijata